Посветеност – Професионалност – Точност
Нудиме целосна поддршка за остварувања на вашите цели
Тим од професионалци
Консултантски услуги
Континуирана поддршка
ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ (ИНСТИТУЦИИТЕ)
ЗА ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ (ИНСТИТУЦИИТЕ):
Секој договорен орган, односно државна институција во рамките на своето работење задолжително мора да спроведува постапки за јавни набавки, во согласност со Законот за јавни набавки. За успешно, транспарентно, економично и законско спроведување на постапките, задолжителна е стручност, искуство и познавање на Законот и функционалностите на ЕСЈН. Со правилна подготовка и контрола на набавките може да се намали ризикот од грешки, корупција и финансиски загуби, да се заштити јавниот интерес и одговорно да се управува со буџетските средства. Со познавање на процедурите и важечките прописи, следење на законските измени и роковите се спречуваат неправилности или злоупотреби и на тој начин институцијата обезбедува ефикасно трошење на јавните пари и избегнува казни или поништување на постапките.
- Обезбедувамецелосна поддршка во сите фази на постапката за јавна набавка и помош и советување при:
- подготовка на годишниот план за јавни набавки
- подготовка на одлуката за јавна набавка
- подготовка на тендерска документација, техничка спецификација, услови и критериуми за избор
- објава на огласот за јавна набавка на ЕСЈН
- одговор на прашања и објава на измени на тендерската документација
- отворање на понудите
- евалуација на понудите
- подготовка на сите акти од постапката
- подготовка на одлуката за избор/поништување на постапката
- известување на понудувачите
- постапување во жалбената постапка
- подготовка на договорот за јавна набавка
- објава на сите видови известувања на ЕСЈН
- вршење на сите други работи согласно Законот





