Посветеност – Професионалност – Точност
Нудиме целосна поддршка за остварувања на вашите цели
Тим од професионалци
Консултантски услуги
Континуирана поддршка
Правни услуги
- Правни услуги
Основaње на правен субјект
Нашиот тим обезбедува целосна правна поддршка при основање на правни субјекти – од избор на најсоодветна правна форма до успешна регистрација во Централниот регистар.
Ги подготвуваме сите потребни документи, вклучувајќи основачки акт или статут, пријава за упис и дополнителна документација, со можност за електронско поднесување и следење на постапката.
Дополнително, нудиме советување за внатрешна организација, посредување при проценка на непарични влогови, регистрација на вистински сопственик и упис во регистар на странски директни инвестиции.
Со нашата поддршка, процесот на основање на вашата компанија е брз, сигурен и усогласен со сите законски барања.
- Застапување пред осигурителни компании
Обезбедуваме целосна правна поддршка и застапување во постапки пред осигурителни компании, со цел заштита на вашите права и интереси. Нашиот тим подготвува и поднесува барања за обештетување, води преговори и ја координира комуникацијата со осигурителните друштва.
Вршиме правна анализа на полиси и договори за осигурување, идентификуваме можни ризици и подготвуваме писмени поднесоци и правни мислења.
Нашата цел е да обезбедиме правично и навремено обештетување, со професионален пристап и целосна посветеност на вашиот случај.
- Подготовка на спогодби
Нудиме професионална подготовка и правна проверка на сите видови спогодби – за надомест на штета, порамнување, деловна соработка и други облигациони односи. Секој договор го изработуваме согласно со специфичните потреби на страните, со цел да се постигне правична и одржлива спогодба.
Ги усогласуваме условите меѓу страните, вршиме правна ревизија на текстот и даваме советување во врска со правните последици од склучената спогодба.
Нашиот пристап обезбедува јасни, правно сигурни и ефикасни решенија за сите договорни односи.
- Подготовка на документација за вештачење
Обезбедуваме целосна правна поддршка во постапки кои вклучуваат вештачење, со професионална подготовка на целокупната потребна документација. Подготвуваме предлози за определување на потребата од вештачење и избор на вешто лице, како и барања за спроведување на вештачењето.
Воспоставуваме и одржуваме комуникација со вештите лица, обезбедуваме навремена достава на релевантната документација и следиме текот на постапката.
Нашата услуга гарантира прецизност, транспарентност и ефективност во секој дел од процесот на вештачење.
- Судска заштита и застапување пред управни органи, нотари и извршители
Обезбедуваме сеопфатна правна заштита и професионално застапување пред сите судови, управни органи, нотари и извршители. Нашиот тим подготвува и поднесува тужби, жалби, одговори и други процесни поднесоци, како и целосно застапување во парнични, вонпарнични, извршни, управни, прекршочни, кривични, стечајни и ликвидациони постапки.
Ги обезбедуваме потребните клаузули за правосилност и извршност и редовно известуваме за текот на постапките.
Вршиме застапување и заштита на правните интереси на компаниите пред сите управни органи, Управен и Виш управен суд, како и пред нотари и извршители – од подготовка на предлози, приговори и записници, до присуство при нотарски акти, јавни наддавања, попис и пленидба на предмети.
Нашата цел е ефикасна, стручна и доверлива правна поддршка во секој дел од постапката.





