Person Working on a Laptop

Посветеност – Професионалност – Точност

Нудиме целосна поддршка за остварувања на вашите цели

Тим од професионалци
Консултантски услуги
Континуирана поддршка
Team Planning
Woman Working
Person Working on Laptop 1

Финансиски консалтинг


  • Финансиски консалтинг

Нашиот финансиски и сметководствен консалтинг им овозможува на компаниите да ја разберат својата финансиска состојба, подобро да управуваат со своите приходи, да штедат, планираат и инвестираат паметно, да избегнат долгови, да донесуваат сигурни одлуки за иднината и да избегнат грешки кои можат да ги чинат скапо. Со стручна поддршка, полесно се создаваат стратегии за штедење, побрзо се постигнуваат финансиските цели и компаниите имаат поголема стабилност и сигурност.

Со помош на експерт, компаниите полесно планираат, оптимизираат трошоци и постигнуваат подобри резултати.

Сметководствениот консалтинг е важен затоа што обезбедува компаниите навремено и точно да ги исполнуваат сите законски обврски. Со оглед на обемната законска регулатива и постојани измени ние ви нудиме точно,прецизно комплетно и навремено евидентирање на настаните согласно меѓународните сметководствени стандарди на МСС и МСФИ. Со соодветна приложена документација креираме финансиски извештаи со примена на законската регулатива во нашата земја. Точните и навремени даночни пријави се клучни за законско и ефективно функционирање на компаниите. Тоа би спречило казни и пропуштени рокови пред институциите на РСМ.

Нашите услуги опфаќаат:

  • Водење на тековно сметководство (книговодство на приходи и расходи);
  • Изготвување и поднесување на месечни даночни пријави (ДДВ, персонален данок, придонеси и др.);
  • Изработка на плати и пресметка на придонеси;
  • Подготовка на годишна и завршна сметка;
  • Советување по даночни и финансиски прашања; и
  • Изготвување финансиски извештаи по барање на клиентот.

Со нас добивате сигурен партнер кој обезбедува точност, навременост и усогласеност со сите законски обврски, минимизирајќи ризици и непотребни трошоци.