Посветеност – Професионалност – Точност
Нудиме целосна поддршка за остварувања на вашите цели
Тим од професионалци
Консултантски услуги
Континуирана поддршка
ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ (ПОНУДУВАЧИ)
Учеството во постапките за јавни набавки им овозможува на компаниите стабилни и сигурни приходи преку соработка со државните институции и дополнително ја зголемува нивната видливост, углед и конкурентност на пазарот со што се создава можност за долгорочни партнерства, проширување на деловните активности и зголемување на профитот. Државните тендери се големи и комплексни проекти кои нудат можност за раст и развој на бизнисот и градење на репутација и доверба кај идни клиенти. Познавањето и примената на Законот за јавни набавки се клучни за успешно учество и заштита на интересите на компанијата. Квалитетната подготовка на документацијата, следењето на роковите, комуникацијата со државните институции и познавањето на функционалностите на Електронскиот систем за јавни набавки директно влијаат на успешниот исход од постапката за јавна набавка.
- Обезбедуваме целосна поддршка во сите фази на постапката за јавна набавка):
- Подготовка на прашања и барања за измена на тендерска документација пред јавно отворање
- Подготовка на понуда
- Учество на јавно отворање
- Учество на електронска аукција
- Подготовка на жалба во било која фаза од постапката за јавна набавка





