Посветеност – Професионалност – Точност
Нудиме целосна поддршка за остварувања на вашите цели
Тим од професионалци
Консултантски услуги
Континуирана поддршка
Работни односи, Човечки ресурси и
Безбедност и здравје при работа
Обезбедуваме целосна поддршка за човечки ресурси и управување со работните односи – од склучување и раскинување на договори за вработување, до подготовка на сите потребни акти и интерни процедури. Нашиот тим подготвува договори за вработување, анекси, менаџерски договори, договори со надворешни соработници и практиканти.
Обезбедуваме целосно водење на електронска евиденција на вработени, пријави и одјави во Агенцијата за вработување, подготовка на систематизација и описи на работни места, дисциплински постапки, како и изработка на сите неопходни правилници и процедури (заштита на укажувачи, заштита од вознемирување, обработка на лични податоци, работен ред, кодекс на однесување, отсуства, доверливост, видео надзор, користење службени средства и др.).
Нашите услуги за човечки ресурси се достапни секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, преку посветен тим-лидер задолжен за вашата компанија, со можност за теренска посета по договор.
Нудиме целосна поддршка во воспоставување и имплементација на систем за управување со безбедност и здравје при работа, согласно Законот за БЗР. Подготвуваме изјава за безбедност и проценка на ризик, идентификуваме опасности и предлагаме превентивни мерки.
Дополнително, дефинираме безбедносни барања за работната средина, средствата за работа и личната заштитна опрема, следиме здравствена состојба на вработените и водиме евиденција за повреди и настани поврзани со БЗР.





