Person Working on a Laptop

Посветеност – Професионалност – Точност

Нудиме целосна поддршка за остварувања на вашите цели

Тим од професионалци
Консултантски услуги
Континуирана поддршка
Team Planning
Woman Working
Person Working on Laptop 1

Јавни набавки

  • Јавни набавки

Oбезбедуваме целосна правна и административна поддршка за процесот да биде јасен, усогласен и ефикасен.

Со детално познавање на Законот за јавни набавки и функционалностите на Електронскиот систем за јавни набавки, обезбедуваме сигурно, транспарентно и успешно учество на нашите клиенти.

ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ (ПОНУДУВАЧИ)

Учеството во постапките за јавни набавки им овозможува на компаниите стабилни и сигурни приходи преку соработка со државните институции и дополнително ја зголемува нивната видливост, углед и конкурентност на пазарот со што се создава можност за долгорочни партнерства, проширување на деловните активности и зголемување на профитот. Државните тендери се големи и комплексни проекти кои нудат можност за раст и развој на бизнисот и градење на репутација и доверба кај идни клиенти. Познавањето и примената на Законот за јавни набавки се клучни за успешно учество и заштита на интересите на компанијата. Квалитетната подготовка на документацијата, следењето на роковите, комуникацијата со државните институции и познавањето на функционалностите на Електронскиот систем за јавни набавки директно влијаат на успешниот исход од постапката за јавна набавка.

  • Обезбедуваме целосна поддршка во сите фази на постапката за јавна набавка):
  • Подготовка на прашања и барања за измена на тендерска документација пред јавно отворање
  • Подготовка на понуда
  • Учество на јавно отворање
  • Учество на електронска аукција
  • Подготовка на жалба во било која фаза од постапката за јавна набавка

ЗА ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ (ИНСТИТУЦИИТЕ):

Секој договорен орган, односно државна институција во рамките на своето работење задолжително мора да спроведува постапки за јавни набавки, во согласност со Законот за јавни набавки. За успешно, транспарентно, економично и законско спроведување на постапките, задолжителна е стручност, искуство и познавање на Законот и функционалностите на ЕСЈН. Со правилна подготовка и контрола на набавките може да се намали ризикот од грешки, корупција и финансиски загуби, да се заштити јавниот интерес и одговорно да се управува со буџетските средства. Со познавање на процедурите и важечките прописи, следење на законските измени и роковите се спречуваат неправилности или злоупотреби и на тој начин институцијата обезбедува ефикасно трошење на јавните пари и избегнува казни или поништување на постапките.

  • Обезбедувамецелосна поддршка во сите фази на постапката за јавна набавка и помош и советување при:
  • подготовка на годишниот план за јавни набавки
  • подготовка на одлуката за јавна набавка
  • подготовка на тендерска документација, техничка спецификација, услови и критериуми за избор
  • објава на огласот за јавна набавка на ЕСЈН
  • одговор на прашања и објава на измени на тендерската документација
  • отворање на понудите
  • евалуација на понудите
  • подготовка на сите акти од постапката
  • подготовка на одлуката за избор/поништување на постапката
  • известување на понудувачите
  • постапување во жалбената постапка
  • подготовка на договорот за јавна набавка
  • објава на сите видови известувања на ЕСЈН
  • вршење на сите други работи согласно Законот